Emel Öz Gözellik
26 Октомври 2017•Ажурирај: 27 Октомври 2017
ЏАКАРТА (АА) - Бројот на загинати во експлозијата што се случи во Индонезија, во фабрика за пиротехнички материјали во близина на главниот град Џакарта, се зголеми на 47 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставици на полицијата соопштија дека по експлозијата во фабриката за пиротехнички материјали во подрачјето Тангеранг, недалеку од главниот град Џакарта, избувнал пожар во којшто досега животот го загубија 47 лица, а има и голем број повредени.
Очевидците изјавија дека во фабриката имало две експлозии, од кои втората се случила три часа по првата.
На видео-снимките објавени на телевизиските канали од регионот може да се забележи дека над подрачјето на фабриката за пиротехнички материјали надвиснуваат големи облаци од чад