Riyaz Khaliq Khaliq
14 Јули 2021•Ажурирај: 20 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Официјалните претставници во Кина покренаа истрага според која бројот на смртните случаи во уривањето на хотелска зграда се искачи на 17, додека 6 други лица закрепнуваат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Околу 23 лица беа заробени под зградата на хотел кој се урна во понеделникот попладне во Вуџијанг, област во градот Сужоу во источната област Џиангсу.
Според кинескиот дневен весник „Глобал тајмс“, операцијата за спасување, во која учествувале околу 600 лица, завршила, а лицата одговорни за зградата ќе бидат гонети според законот.
Се наведува дека Комисијата за безбедност при Државниот совет на Кина одлучила да формира надзорна група за испитување на случајот.
Анексот на хотелот „Сиџи Каијуан“, кој беше отворен во 2020 година со 54 соб, се сруши во понеделникот попладне. Хотелот, наводно, бил целосно резервиран кога настапило уривањето.