Ekipa
06 Јуни 2019•Ажурирај: 07 Јуни 2019
ВУДИМПЕШТА (АА) - Пронајдени се уште две тела по потонувањето на туристичкиот брод „Hableany“ кон крајот на мај на реката Дунав, во центарот на Будимпешта, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од унгарската полиција е потврдено дека бројот на загинатите е зголемен на 15. Два унгарски члена на посадата сѐ уште се водат за исчезнати.
Седум јужнокорејски туристи се спасени по судирот кој се случи кон крајот на мај. Голема дигалка би можела да го подигне „Hableany“ од водите наредните денови.
Полицијата претходно соопшти дека е приведен 64-годишен украински државјанин, капетанот на големиот брод, кој е осомничен за загрозување на водниот транспорт што доведе до смртоносната несреќа.
Група од 30 туристи, заедно со два водичи и фотографи, беа во обиколка на Будимпешта, кога нивниот брод се судри со крузерот „Viking“. Во туристичкиот брод беа и двајца членови на посадата.