Alaattin Doğru
13 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
ДАКАР
Терористи во Буркина Фасо, во близина на границата со Нигерија, нападнаа воена единица убивајќи 8 војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите објавени во националните медиуми се вели дека во северниот дел на земјата, терористите во градот Канканфогуол ѝ поставиле стапица на воена единица која патролирала.
Во вооружениот судир што настанал загинале 4 војници, а 4 се киднапирани.
Во операцијата за спасување на киднапираните војници пронајдени се нивните тела.
Претседателот Роч Марк Кристијан Каборе на социјалната мрежа Твитер напиша дека покрај борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), Буркина Фасо води голема борба и против тероризмот.
Претседателот Каборе им изрази сочувство на семејствата на загинатите војници и им се заблагодари на сите претставници на безбедносните сили.
Од 1 јануари 2019 година, во 7 од 13 региони на колку што е поделена Буркина Фасо, воведена е вонредна состојба поради терористички напади.
Во оваа земја од 2015 година во терористички напади животот го загубија повеќе од 850 лица, додека 840.000 ги напуштија своите домови.