Betül Yürük
01 Јули 2018•Ажурирај: 02 Јули 2018
ЊУЈОРК (АА) - Стотици илјади лица низ Соединетите Американски Држави (САД), одржаа протести против администрацијата на Трамп поради контроверзната мигрантска политика со која се одвојуваат децата мигранти од своите семејства, кои на илегален начин влегле во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Низ земјата се одржаа над 600 демонстрации против мигрантската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги одвојува децата од своите семејства.
Илјадници демонстранти во Њујорк маршираа кон мостот Бруклин, носејќи транспаренти „Не разделувајте ги семејствата“, „Доналд Трамп треба да си оди“, „Нема место за гнев и страв, добре дојдовте мигранти“, и извикуваа пароли против Трамп.

Од друга страна, демонстрантите во Вашингтон маршираа пред хотелот „Трамп интернешнал“, каде што извикуваа пароли како „Засрами се“, „Не си мој претседател“.

Семејствата, кои на протестите учествуваа со своите мали деца, го привлекоа вниманито на минувачите и на медиумите.
По реакциите низ земјата, како и од меѓународната јавност, Трамп го потпиша претседателскиот декрет со кој е ставено крај на одвојувањето на децата мигранти од своите семејства, кои на илегален начин влегле во земјата, но над 2.000 деца се сè уште одвоени од своите семејства.