Adem Şalvarcıoğlu
29 Септември 2018•Ажурирај: 30 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Во Јужноафриканската Република е откриен нов вид диносаурус, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на интернет-страницата на „National Geographic“, во соопштението на Универзитетот „Витватерсранд“ се наведува дека истражувачите открија нов вид џиновски диносаурус за кој се претпоставува дека живеел пред 200 милиони години.
Откриените фосили биле на диносаурус, кој според големината е двапати поголем од денешните африкански слонови.
Се вели дека овој вид диносаурус е со тежина од 13 тони и висина од 4 метри. Се претпоставува дека овој диносаурус бил најголемото животно во ерата во која живеел.
Овој новооткриен вид диносаурус, кој е именуван како „џиновска грмотевица“, наликува на групата диносауруси со класичен долг врат, наречени „sauropod“, но му припаѓа на семејство кое живеело во уште постар период.