Tufan Aktaş
29 Септември 2018•Ажурирај: 29 Септември 2018
АДИС АБЕБА (АА) - Во Етиопија е поднесена кривични пријави против училиштата и раководителите на овие училишта на терористичка организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, поранешните раководители и наставници кои работеле во училиштата на оваа терористичка организација, до обвинителството поднесоа кривична пријава против припадниците на ФЕТО во оваа земја поради обиненија за крадење пари собрани за хуманитарни цели, проневера на сопствености на фондација, и затајување данок.
Се вели дека голем број на докази и документи биле предадени до обвинителството во таа земја за време на процесите на поднесување тужба. Меѓу обвинетите се наоѓаат и имињата на наставниците и раководители на ФЕТО.
Претседателот на Етиопија, Мулату Тешоме, минатата година изјави дека реководителите на училиштата ФЕТО ќе ги предаде на Турција, по што институциите на ФЕТО на измамнички начин биле продадени на припадниците на ФЕТО кои се државјани на Германија.