Ömer Koparan
23 Април 2019•Ажурирај: 24 Април 2019
АФРИН
Градот Африн, северна Сирија, кој беше ослободен од тероризмот со операцијата „Маслинова гранка“, за првпат го одбележа 23 април - Денот на националниот суверенитет и Денот на детето, јавува Anadolu Agency (AA).
На активностите што се одржаа во основното училиште „Медина Мудафи Фахретин Паша“, учествуваа околу 800 ученици.
На манифестацијата, на која се пееја песни на арапски и турски јазик, учествуваа и родителите на учениците, а беа пуштени и бели гулаби кои го симболизираат мирот.
Учениците уживаа во различни игри.
Хулуси Гочер, координатор за образование во Африн, во изјавата дадена за дописникот на АА, истакна: „23 април - Денот на националниот суверенитет и Денот на детето е празник којшто големиот водач Ататурк го подарил на сите деца во светот.“
Тој, додавајќи дека учениците во Африн за првпат го слават 23 април, рече: „Како претставници на Националната дирекција за образование на Хатај, создадовме можности за да можат децата од Африн да се забавуваат.“
Африн беше ослободен од терористичката организација ЈПГ/ПКК на 18 март 2018 година од страна на Турските вооружени сили (TSK) и Слободната сириска армија.