Ali Murat Alhas
29 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 12 цивили загинаа, а 16 се повредени во два воздушни напади кои утринава се случија во Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
„Руските авиони извршија напад врз пазар за компири. Во овој напад загинаа 11 лица, додека 13 се повредени“, истакна во изјава за АА, Мустафа Хаџ Јусуф, раководител на Цивилната одбрана во Идлиб.
Другиот воздушен напад беше извршен врз болница во истиот град, при што загина еден цивил додека други три се повредени.
Тој изјави дека меѓу повредените во нападот се наоѓаат и двајца новинари и додаде дека спасувачите ги пренеле повредените лица во околните болници.
Во последните 1,5 месеци, зоната без судири во Идлиб е изложена на интензивни воздушни напади.
Градот Идлиб кој се наоѓа во северниот дел на Сирија, близу границата со Турција, на состанокот одржан на 4 и 5 мај, 2017 година во Астана беше прогласен за зона без судири. Овој регион, кој е под контрола на воената опозиција и противрежимските вооружени групи, одвреме-навреме е изложен на напади од режимот на Асад и Русија.