Burak Karacaoğlu
30 Септември 2017•Ажурирај: 30 Септември 2017
ИДЛИБ (AA) - Најмалку 40 цивили загинаа во воздушните напади во градот Арманаз во близина на Идлиб, кој се наоѓа во близина на границата со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичните информации, во нападите загинаа најмалку 40 цивили, додека 70 се ранети.
Во нападите се уништени околу 30 куќи, а и понатаму трае потрагата за преживеаните.
Бројот на загинатите цивили во нападите на Идлиб, кои траат од 19 септември, достигна 140.
Југот на Идлиб од 19 септември е изложен на интензивни воздушни напади на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад и Русија.
Потсетуваме, Идлиб е сириски град во кој живеат 2,5 милиони цивили и кој е под контрола на сириската опозиција. Со иницијатива на Турција и Русија тој регион е прогласен за неконфликтна зона, но силите на сирискиот режим по 45 дена пауза повторно започнаа да изведуваат воздушни напади на тој регион.
Во рамките на шестата рунда на мировните преговори во Астана, делегациите на Турција, Русија и Иран како земји гаранти на мировниот процес, договорија испраќање на набљудувачки мисии со цел надзор на имплементацијата на прекин на судирите во Идлиб.