Barış Gündoğan
25 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека терористичката организација ПКК/ЈПГ повторно како цел ги зела цивилите во подрачјето на сириски Џарабулус, кое се наоѓа во рамките на територијата ослободена во турската операција „Штитот на Еуфрат“, јавува Агенција Анадолија (АА).
- 14 ранети цивили
Во соопштението се наведува дека рачно изработените експлозиви поставени во два мотоцикла биле активирани со далечински управувач. Во експлозијата се ранети 14 цивили, меѓу кои има и деца.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.