Erdal Türkoğlu
13 Јануари 2020•Ажурирај: 15 Јануари 2020
ИДЛИБ (АА) - ЕРДАЛ ТУРКОГЛУ –
Со неодамнешните бранови на миграција шаторските градови поставени во градот Атме и во селото Ках во Идлиб, во Сирија, веќе се преполни со население, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нападите на режимот на Асад и Русија, што ги започнаа во ноември, предизвикаа миграција на илјадници луѓе.
Поголемиот дел од оние што бараат нови населени места поставуваат шатори во близина на постојните села и кампови, со надеж дека ќе имаат корист од патиштата, водата и хуманитарната помош.
Оние што не можат да најдат шатори се засолнуваат во шаторите на нивните семејства сè додека не пристигне помошта. Поради тоа во некои шатори се засолнети 2-3 семејства.
Камповите „Атме“ и „Ках“ поставени близу границата со Хатај пред околу 4 години, моментално се меѓу најгусто населените места.
Овие кампови, еден од друг се наоѓаат на оддалеченост од 5-6 километри. Но со неодамнешните миграции и со зголемувањето на популацијата станаа преполни и се доближуваат еден до друг.
Поголемиот дел на овие кампови немаат инфраструктура и се со импровизирани шатори. Тие се домаќини на околу 600 луѓе.
„Градовите од шатори“ кои немаат свој крај, АА ги сними од воздух.