Ömer Erdem
03 Јуни 2024•Ажурирај: 04 Јуни 2024
ГАЗА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во нападите на израелската војска врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година достигна 36.479, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството за здравство во Газа објавени се најновите информации за израелските напади врз Појасот Газа, што траат веќе 241 ден.
Само во последните 24 часа израелската војска извршила четири масакри во различни делови на Газа во кои загинале 40 Палестинци, а уште 150 се повредени.
Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври се искачи на 36.479, а бројот на повредени достигна 82.777.
Во соопштението се наведува дека под урнатините и на патиштата сѐ уште има мртви, но дека медицинските екипи и Цивилната заштита не можат да дојдат до телата.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што засолниште од војната најдоа повеќе од еден милион Палестинци.