Ahmed Asmar
19 Декември 2024•Ажурирај: 19 Декември 2024
КАИРО (АА) – Денес во египетскиот главен град Каиро започнa Самитот на Организацијата за економска соработка Д-8, на кој учествува и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.
На Самитот ќе присуствуваат и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
Самитот, кој се одржува на тема „Инвестирање во младите и поддршка на малите и средните претпријатија: обликување на утрешната економија“, треба да одржи специјална сесија за ситуацијата во Палестина и Либан, со учество на палестинскиот претседател Махмуд Абас и либанскиот премиер Наџиб Микати.
Групата Д-8 е основана во Истанбул во 1997 година за да ги зајакне економските и социјалните односи меѓу нејзините земји членки - Туркије, Египет, Нигерија, Пакистан, Индонезија, Бангладеш, Иран и Малезија.