Büşra Selvi Öğütcen
31 Декември 2019•Ажурирај: 02 Јануари 2020
АНКАРА
Во северниот дел на Кина, во провинцијата Шанси, се урна тунел во изградба. Во несреќата животот го загубија 4 лица, а две лица останаа заглавени под урнатините, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави агенцијата „Синхуа“, во текот на изградбата на автопат во градот Џинчинг дошло до уривање на тунел, при што под урнатините останале шестмина работници.
Градските власти соопштија дека од под урнатините се извлечени телата на тројца работници, додавајќи дека починал и работникот кој бил пренесен во болница.
Во тек се спасувачки операции за извлекување на преостанатите двајца работници од под урнатините.