Dmitri Chirciu
16 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
КИШИЊЕВ
Во вториот круг на претседателските избори во Молдавија, според првичните резултати, победи прозападната Маиа Санду , која освои најмногу гласови и стана првата жена претседател на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На изборите каде се натпреваруваа независниот кандидат Игор Додон и поранешната премиерка Маиа Санду, лидер на Партијата за акција и солидарност (PAS), преброени се 99,91 проценти од гласовите.
Според првичните резултати на молдавската Централна изборна комисија, процентот на излезност во земјата изнесува 52,78, вклучително и на тие што живеат во странство. Во земјата регистрирани се 3.287.140 гласачи.
Санду победи со освојување на 57,71 проценти од гласовите, додека Додон остана на 42,29 проценти на освоени гласови.
Конечните резултати се очекува да бидат објавени во рок од 3 дена. Кандидатот, кој победи на изборите ќе даде заклетва за 45 дена и ќе ја преземе функцијата претседател.
Во Молдавија претседателските избори се одржаа на 1 ноември поради истекот на мандатот на сегашниот претседател Игор Додон.