Aldıjana Hadzıc
24 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
МОСКВА (АА) - Во руската престолнина Москва, денес беше отворен седмиот Меѓународен фестивал „Круг на светлината“, јавува Anadolu Agency (AA).
Телевизиската кула Останкино беше место од каде што беа изведени спектаклите со вода и светло кои го задржаа вниманието на присутните.
По проекциите што траеја еден час, следеше огномет кој ги воодушеви присутните.
Фестивалот ќе трае неколку дена, a игрите со светло пропратено со музика ќе може да се набљудуваат од неколку локации во градот.