Bilgin S. Şaşmaz
24 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
ЧИКАГО (АА) - Во Чикаго се одржаа протести против масакрот што мјанмарската влада го врши врз муслиманите во Аракан, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу поголемиот дел демонстранти се најдоа и Рохинџа муслимани кои живеат во САД.
За време на протестот демонстрантите ги извикуваа слоганите: „Слобода за Рохинџа муслиманите“, „Крај на масакрот над Рохинџа муслиманите“, „Сакаме правда за Рохинџа“ и носеа транспаренти на кои пишуваше „Права за Рохинџа муслиманите“ и „Крај за убивањето деца во Аракан“.
Говорниците ја повикаа меѓународната заедница да ги запре масакрите во Мјанмар.
Демонстрациите беа поддржани и од турскиот генерален конзул во Чикаго, Умут Акар, кој рече дека е дојден да ја запраша меѓународната заедница кога ќе заврши страдањето на Рохинџа муслиманите, но дека сѐ уште го нема одговорот.
Акар потсети дека турскиот народ и владата први реагирале на трагедијата што се случува во Мјанмар, и дека од Турција е испратено голем број високи делегации, како и хуманитарна помош.
„Турција нема да ве остави сами сè додека не имате свој дом во кој ќе можете безбедно да ги растете своите деца“, вели Акар.
На минувачите им беа поделени летоци, а демонстрациите беа подржани и од голем број Американци и туристи.