Burak Bir
15 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
ЏАРАБУЛУС (АА) - Во напади на терористичката организација ЈПГ/ПКК изведени во подрачјето на сириски Џарабулус, а насочени кон цивилите, повредени се три деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите истрелаа минофрлачки гранати од северниот сириски град Кобани, во близина на турската граница, врз цивилен камп во Џарабулус, кој беше ослободен за време на турската операција „Штитот на Еуфрат“. Кампот беше во рацете на терористичката организација ДЕАШ.
Три деца се повредени во едниот од неодамнешните напади на терористичката организација ЈПГ/ПКК врз цивилите.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турските граници и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Анкара сака да ја исчисти северна Сирија, подрачјето источно од реката Еуфрат, од терористите на ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД/ЈПГ.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.