Ruslan Rehimov
15 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Во артилериските и ракетните напади кои Ерменија ги изврши досега во населените места на Азербејџан повредени се 218 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Главното обвинителство на Азербејџан ги соопшти бројките во врска со загинатите лица и настанатата материјална штета како резултат на нападите на Ерменија извршени од 27 септември до 15 октомври.
Според соопштеното, во овој период животот го загубиле 43 азербејџански цивили, додека 218 цивили се повредени.
Како резултат на нападите на Ерменија, 1.592 куќи, 79 згради и 290 јавни објекти се во неупотреблива состојба.