Zehra Ulucak
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ЏЕКСОН (АА) - Најмалку 33 лица загинаа од невремето и ураганите што ги зафатија јужните американски сојузни држави, јавува Агенција Анадолија (AA).
Официјални лица потврдија дека на подрачјето на Мисисипи смртно настрадаа 11 лица, 9 лица загинаа во Јужна Каролина, 8 во Џорџија, 3 во Тенеси и по едно лице во сојузните држави Арканзас и Северна Каролина.
Локалните медиуми наведуваат дека во последните 24 часа регистрирани се над 40 урагани.
Во невремето и ураганите уништени се стотици домови. Во 11 подрачја без електрична енергија останаа повеќе од еден милион луѓе.
Џејми Мејо, градоначалникот на градот Монро во Луизијана, потврди дека во тој американски град најмалку 200-300 куќи се оштетени.