Adam Abu-bashal
30 Октомври 2020•Ажурирај: 01 Ноември 2020
АБУЏА
Во нигериската држава Енугу се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија 21 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Огбона Калу, координатор на Организацијата за национална безбедост на патиштата за државата Енугу, за локален весник изјави дека на автопатот во местото Мгбово - Авгу, возач на камион ја загубил контролата над возилото и се судрил со автобус кој превезувал ученици.
Калу информира дека во несреќата животот го загубиле 21 лице, од кои поголемиот дел се деца, а голем број се повредени.
Меѓу повредените има и лица кои се во тешка здравствена состојба, па постои загриженост од можноста за зголемување на бројката на починати.
Калу истакна дека е можно преголема брзина да била причина за несреќата.