Ekip
29 Јануари 2020•Ажурирај: 30 Јануари 2020
АБУ ДАБИ (АА) - Во Обединетите Арапски Емирати денес е забележан првиот случај на смртоносниот коронавирус од Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Случајот беше потврден кај лице од семејство што потекнува од Вухан“, соопшти Министерството за здравство на ОАЕ.
Како последица на коронавирусот во Кина починаа најмалку 132 лица, а заразени се речиси 6.000.
Градовите се под карантин, а Кина гради 1000-креветна болница за оние што се заразени со вирусот.
Вирусот исто така се прошири во Јапонија, Јужна Кореја, Тајланд, САД, Сингапур, Франција, Виетнам и Канада.
Лицата што патуваат од Кина се прегледуваат на аеродромите низ светот со скрининг-метода, а многу авиокомпании ги суспендираа летовите до Вухан, местото од каде што за прв пат се појави вирусот.