Selçuk Acar
25 Август 2017•Ажурирај: 26 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во американската сојузна држава Флорида беше погубен бел Американец, кој пред 30 години уби двајца Афроамериканци, јавува Anadolu Agency (AA).
Смртната казна на Марк Асеј (53) е извршена во затворот „Рејлфорд“ во Флорида, поради убиство на двајца Афроамериканци во 1987 година. Погубувањето е извршено со вбризгување на смртоносна инекција.
Станува збор за првата смртна казна на бел Американец поради убиство на Афроамериканец во оваа земја од 1976 година, кога со закон беше воведена смртната казна во оваа сојузна држава.
„Amnesty International“ (Амнести интернешнал) објави соопштение во коешто го осудува раководството на сојузната држава поради погубувањето на Асеј.
„За Марк Асеј веќе е доцна, но Флорида сѐ уште има можности да ја укине смртната казна и да застане на вистинската страна од историјата“, се вели во соопштението.