Ekipa
01 Април 2019•Ажурирај: 02 Април 2019
ИДЛИБ (АА) - Во изминатот месец во Сирија животот го загубија 334 цивили, соопшти сириската Мрежа за човекови права (SNHR), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во најновиот извештај на оваа организација се наведува дека меѓу жртвите во март оваа година има 87 малолетници и 63 жени.
Војната во Сирија трае веќе осум години, а минатиот месец, во нападите на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, загинаа 78 цивили, меѓу кои 24 малолетници и 13 жени.
Во нападите на таканаречените „Сириски демократски сили“, под чиј плашт делува терористичката организација ЈПГ/ПКК, убиени се 18 цивили, меѓу кои девет деца и една жена.
Сириската мрежа за човекови права, исто така, го објави и податокот дека во нападите на руските сили загинале најмалку 76 цивили, во нападите на терористите на ДЕАШ 28, додека девет цивили загинале во нападите на Меѓународните коалициски сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД).
Во нападите на опозициските сили и вооружените групи животот го загубиле шест цивили. Според Сириската мрежа за човекови права, во нападите на неидентификувани страни загинале 119 цивили.
Меѓу загинатите се наоѓаат и двајца претставници на медиумите и двајца здравствени работници. Податоците на Мрежата покажуваат дека 30 лица починале како последица на тортура.