Mustafa Melih Ahıshalı
28 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку шестмина припадници на иранската војска „Чувари на револуцијата“ се неутрализирани во судирите во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Мехр“ јавува дека шестмина војници, кои се бореле во редовите на бригадите „Фатимијун“ и „Зејнебијун”, биле погребани во иранскиот град Ком.
Според неофицијалните податоци, во судирите во Сирија загинале најмалку 2.400 припадници кои се поврзани со Иран.
Иранската војска „Чувари на револуцијата“ е во првите редови меѓу оружените групи кои пружаат поддршка на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.