Ahmad Adil
13 Септември 2023•Ажурирај: 14 Септември 2023
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 11 лица загинаа, а многу други се повредени во сообраќајна несреќа во западната индиска држава Раџастан, соопштија властите денес, јавува Анадолу.
Главниот министер на Раџастан, Ашок Гехлот, потврдувајќи го бројот на загинати, рече дека несреќата се случила во областа Бхаратпур во државата, а во неа учествувале автобус и камион.
Според неговите зборови, жртвите се лица кои биле на аџилак.
„Полицијата е на самото место, а повредените се пренесени на лекување во болница“, изјави Гехлот.
Локалниот емитер НДТВ јави дека 12 лица се повредени.
Преживеаните наведоа дека несреќата се случила кога возачот и некои патници стоеле зад автобусот кој се расипал, а потоа на нив налетал камион.