Ruslan Rehimov
13 Мај 2021•Ажурирај: 18 Мај 2021
БАКУ (АА) - Во Шуша, градот симбол на Нагорно Карабах, кој беше ослободен од окупацијата на Ерменија, се одржа бајрамската молитва, јавува Агенција Анадолија (АА).
На бајрамската молитва извршена во историската Џамија „Горна Ѓовхер Ага“, поради мерките за заштита од Ковид-19 присуствуваа само верски лица.
Првата молитва за Бајрам изведена во Шуша по 29 години беше пренесувана во живо од националните телевизиски канали на Азербејџан.
Покрај тоа што е симбол на азербејџанската историја и култура, Шуша е стратешки важен град поради својата доминантна географска положба во регионот и поради тоа што се наоѓа на патот што води кон Ханкенди, најголемиот град во Нагорно Карабах.
Градот Шуша беше окупиран од ерменските сили на 8 мај 1992 година.
Азербејџанската Армија ја ослободи Шуша од окупацијата на 8 ноември 2020 година.