Mustafa Deveci
13 Мај 2021•Ажурирај: 14 Мај 2021
КУДС (АА) - Во тековните израелски напади врз Газа убиени се уште 11 Палестинци, со што вкупниот број на починати е зголемен на 83 лица, се вели во најновото соопштение на палестинското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меѓу жртвите се наоѓаат 17 деца и седум жени, додека вкупниот број на повредени изнесува 487, се наведува во соопштението.
Тензиите растат уште од минатата недела откако израелскиот суд нареди иселување на палестинските семејства од населбата Шеик Џарах во Источен Кудс (Ерусалим).
Израел го окупира Источен Кудс за време на Арапско-израелската војна во 1967 година и го анектира целиот град во 1980 година, потег што меѓународната заедница никогаш не го призна.