Islam Doğru
11 Мај 2020•Ажурирај: 12 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во Њујорк, град кој е најмногу погоден од пандемијата на новиот тип на коронавируспт (Ковид-19) кога станува збор за САД, регистрирани се повеќе од 5.000 смртни случаи кај кои не е позната причината за смртта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот на Центарот за првенција и контрола на болести во САД (CDC) се анализираат смртните случаи во Њујорк за периодот од 11 март до 2 мај.
Во споменатиот извештај се наведува дека од 32.107 смртни случаи, 24.172 биле над очекуваното, а од таа бројка 18.879 биле директно или индиректно поврзани со Ковид-19.
Во извештајот се вели дека кај преостнатите 5.293 случаи не е потврдена поврзаноста со вирусот.
Се вели дека кај одреден број смртни случаи не е утврдено дали смртта директно или индиректно е поврзана со Ковид-19, и дека се потребни дополнителни истражувања.
Податоците со кои располага интернет страницата „Worldometer“ покажуваат дека во Њујорк се потврдени 345.817 лица позитивни на Коивд-19 и 26.874 смртни случаи предизвикани како последица на заразеност со новиот тип на коронавирусот.