Emel Öz Gözellik
20 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
АНКАРА
Во Вашингтон, главниот град на САД, извршен е вооружен напад во кој животот го загуби едно лице, а пет се ранети, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во американските медиуми, претставници на полицијата соопштиле дека во подрачјето Колумбија Хајтс, кое е оддалечено 3 километри од Белата куќа, е извршен вооружен напад во кој е убиено едно лице, а пет се ранети.
Меѓу ранетите што се пренесени во болница, две лица се наоѓаат во критична состојба.
Претставниците на полицијата информираа дека напаѓачот сѐ уште не е фатен, додавајќи дека во тек е истрагата за нападот.