Barış Gündoğan
20 Септември 2019•Ажурирај: 20 Септември 2019
АНКАРА
Турските вооружени сили извршија воздушни операции во подрачјето на Хафтанин, во северниот дел на Ирак, при што неутрализираа пет терористи на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, пренесено преку Твитер, во рамки на операцијата „Канџа-3“, која успешно продолжува, извршени се воздушни операции во подрачјето на Хафтанин.
Во соопштението се нагласува дека во рамките на овие операции неутрализирани се уште пет терористи на терористичката организација ПКК.