Cüneyt Karadağ
10 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
БЕРЛИН (АА) - Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер соопшти дека политички мотивираните кривични дела извршени во земјата минатата година се зголемени за 23 отсто и дека достигнале бројка од 55.048, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерката Фезер на заедничката прес-конференција во Берлин со шефот на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција Холгер Минх го соопштија „Извештајот за политички мотивирани кривични дела за 2021 година“.
Фезер нагласи дека политички мотивираните кривични дела извршени во земјата се зголемени за 23 отсто односно е достигната бројка од 55.048, и дека тоа покажува колку е неопходна работата на безбедносните органи за заштита на демократијата.
Посочувајќи дека 41 процент од жртвите на насилство се нападнати од екстремната десница, Фезер рече: „Ова покажува дека екстремната десница е најголемата закана за нашата демократија и нашиот народ. Мораме да ја запреме спиралата на омраза и насилство.“
Фезер истакна дека антисемитските злосторства се зголемени за 29 проценти и дека тоа ја загрижува.
„Денес сè уште преовладува антисемитски говор на омраза, тоа е срамота за нашата земја“, рече таа.
Холгер Минх, шефот на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција, рече дека бројот на политички мотивирани кривични дела е двојно зголемен во последните 10 години.
„Ова зголемување, исто така, ги одразува зголемените општествени тензии и трендовите на поларизација и радикализација кои значително ја предизвикуваат новата социјална интеракција“, нагласи Минх.
Во 2020 година во земјата се евидентирани 44.692 политички мотивирани кривични дела.