Ekip
06 Јули 2020•Ажурирано: 07 Јули 2020
БЕРЛИН
Германската влада плати речиси 1 милијарда евра во последните 10 години за да ги покрие трошоците поврзани со распоредувањето на американските војници во Германија, објавија локалните медиуми денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Владата потроши 982,4 милиони евра на американските трупи во Германија, од кои 648 милиони евра влегоа во градежни работи во американските воени бази, соопшти новинската агенција ДПА, повикувајќи се на изјава на Министерството за финансии.
Соопштението беше издадено како одговор на истрагата на Бриџит Фрајхолд, опозицискиот парламентарец на Левицата, радикалната левичарска партија.
Речиси 35.000 американски војници се распоредени во Германија.
Американскиот претседател Доналд Трамо објави дека ќе повлече 9.500 од нив, наведувајќи дека Германија премногу троши за воена одбрана.
Иако германскта влада го зголеми одбрамбениот буџет драстично, сè уште ја промашува целта на НАТО за 2 отсто од бруто домашниот производ.
„Германија со години не врши исплата и должи милијарди долари во НАТО, тие треба да го платат тоа“, рече Трамп кога беше најавено повлекувањето на војската.
Тој исто така истакна дека стационирањето на американските трупи во Германија предизвикало „огромни трошоци“ за САД, додека Германија од нив имала корист од економски план.
„Овие се добро платени војници. Тие живеат во Германија. Тие трошат голем дел од своите пари во Германија“, додаде Трамп.
Долгогодишната членка на воениот пакт на НАТО, во Германија се наоѓаат повеќе од половина од сите американски војници стационирани во Европа.
Германија игра клучна улога за глобалните воени операции во САД, бидејќи во земјата се наоѓаат и американската Команда за Африка, големи воени болници и објекти за обука.