Ayhan Şimşek
03 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
БЕРЛИН (АА) - Германскиот суд следната недела ќе донесе пресуда во случајот за убиството на десет лица, извршено од страна на припадници на неонацистичката група НСУ, во големиот случај кој го откри проблемот на институционалниот расизам во Германија.
Судијата Манфред Гетцл, на 437. сослушување од почетокот на судењето во 2013 година, изјави дека Високиот регионален суд во Минхен ќе ја објави својата пресуда на 11 јули.
Адвокатите на одбраната оваа недела ги изнесоа своите завршни зборови, јавува Anadolu Agency (AA).
Неонацистичката група НСУ е обвинета за убиство на осум турски имигранти, еден грчки државјанин и еден германска полицајка помеѓу 2000 и 2007 година. Сите убиства останаа долго нерешени.
Групата беше откриена во 2011 година, кога двајца члена од групата, Мундлос и Бонхарт починаа по неуспешен грабеж на банка. Полицијата пронајде оружје и неонацистичка пропаганда во нивниот стан.
Третата членка на групата, Беате Чепе, досега ја негираше вината за убиство и се обиде да ја префрли на нејзините двајца пријатели од НСУ. Во моментов уште четири лица се осомничени за поддршка на групата.
Скандалот што го предизвика неонацистичката група НСУ доведе до широка критика кон германските агенциии за безбедност од страна на опозициските партии дека толерираат десничарски екстремисти, како и на неуспехот да се спречи насилството насочено кон имигрантите.
До 2011 година, германската полиција и разузнавачките служби исклучија какви било расни мотиви за убиствата. Наместо тоа, тие ги третираа имигрантските семејства како осомничени во случаите, испитувајќи ги поради наводни сознанија за организиран криминал и дрога.
Неодамнешните откритија покажаа дека германската разузнавачка агенција БфВ (BfV) до крајот на 1990-тите години имала голем број информации поврзани со осомничени од НСУ, но инсистираа дека немаат претходно познавање за неонацистичката група и нејзината сомнителна улога во убиството.
Многу прашања за убиствата останаа нерешени, бидејќи десетици тајни досиеја што им припаѓаа на разузнавачките служби, беа уништени набргу по смртта на Мундлос и Бонхарт во 2011 година.