Cüneyt Karadağ
21 Јуни 2021•Ажурирај: 22 Јуни 2021
БЕРЛИН
Руски државјанин истражувач Илнур Н., кој живее во Германија, бил уапсен поради наводно шпионирање за руските разузнавачки служби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата дадена од германското Федерално јавно обвинителство, утврдено е дека Илнур Н., кој работи како истражувач на универзитет, се состанувал со руски разузнавачи и дека од октомври 2020 година на руските разузнавачки служби им давал информации за универзитетот.
Утврдено е дека Илнур Н., во чија куќа и канцеларија бил извршен претрес, добивал пари за информациите што им ги давал на руските разузнавачи.
Се истакнува дека Илнур Н. е уапсен.