Cüneyt Karadağ
17 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
БЕРЛИН (АА) - Во Германија е уапсено лице за кое постојат сомнежи дека пред две недели го усмртило гувернерот на Касел, Валтер Либке, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Обвинителството на Касел е соопштено дека во заедничката акција со припадниците на безбедносните сили во Хесен, организирана за време на викендот, е уапсено 45-годишно лице.
Германските медиуми пишуваат, како што упатуваат доказите, дека станува збор за екстремен десничар.
Гувернерот Либке на 2 јуни е пронајден мртов во дворот на куќата, а закопан е минатата недела.