Ekipa
17 Јуни 2019•Ажурирај: 18 Јуни 2019
МАДРИД/АНКАРА (АА) - Шпанија го продолжи времетраењето на распоредување на системот за ракетна одбрана „Патриот“, стациониран во Адана, наменет за воздушна одбрана на Турција, до крајот на 2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на дописникот на АА, од шпански дипломатски извори одобрено е времетраењето на системот за ракетна одбрана да продолжи до крајот на годината.
Продолжувањето на времетраењето ќе биде официјално соопштено на јавноста по одобрувањето од страна на НАТО.
Поради заканите од напади од Сирија, за да ја заштити Турција, на 26 јануари 2013 година, НАТО во Адана го распореди системот за ракетна одбрана „Патриот“, за кој беше одговорна Холандија.
Шпанија оваа улога од Холандија ја презеде во јануари 2015 година. Оваа мисија ја спроведува 4 години.