AP
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
БЕРЛИН (АА) - Мартин Шулц, претседател на Социјалдемократската партија, денеска соопшти дека се откажува од планот да стане министер за надворешни работи на Германија, поради турбуленциите во неговата партија, по склучениот договор за коалиција со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмена изјава Шулц истакна дека внатрешнопартиското гласање за договорот со конзервативците е загрозено со дискусијата за неговата иднина.
„Затоа изјавувам дека нема да влезам во Владата и искрено се надевам дека ова ќе се стави крај на кадровските дебати во рамките на Социјалдемократската партија", рече Шулц.
Функцијата министер за надворешни работи во моментов ја врши Зигмар Габриел, кој пред година дена челната позиција во Социјалдемократската партија му ја препушти на Шулц, и оттогаш стана еден од најпопуларните политичари во Германија.
Коалицискиот договор, кој Социјалдемократската партија го постигна во средата, ќе биде даден на гласање пред комплетното членство на партијата.