Eşref Musa,Burak Karacaoğlu
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 12 лица загинаа, а 30 се повредени во новите воздушни напади извршени на територијата на сирискиот Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на цивилната одбрана во Идлиб, Мустафа Хач Јусуф за АА рече дека силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад извршија три напади во јужниот дел на Идлиб. Тој потврди дека 12 лица загинаа, а 30 цивили беа повредени.
И додека нападите уште траат, во тек се активностите за барање и спасување на цивили закопани под урнатините.
Режимот на Асад и терористите на ДЕАШ веќе подолго време спроведуваат тактичка соработка против опозицијата во зоната на деескалација на конфликтот во Идлиб.
Режимот во октомври 2017 година отвори пат на терористите на ДЕАШ преку Хунајфи, источно од Хам, за да дојдат до регионот во овој град, кои се контролирани од страна на опозицијата.
ДЕАШ и режимот на Асад, кои се движат во координација, и благодарение на поддршката на Русија, постигнаа значителен напредок против опозициските групи.
Според податоците на АА, силите на режимот и ДЕАШ во последните три месеци, на југ и југо-исток од Идлиб зазедоа територија од 3.035 километри квадратни, на кои се наоѓаат околу 100 села.
Окупираната територија ја премина линијата за набљудување воспоставена во рамките на преговорите во Астана.