Ekipa
05 Декември 2022•Ажурирај: 06 Декември 2022
БЕРЛИН (АА) - Германското Министерство за одбрана предупреди на потенцијални ризици vo договорот вреден 10 милијарди евра за купување на борбениte авиони Ф-35 од Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Берлин планира да купи 35 од воените авиони произведени од „Локхид Мартин“, а првите осум авиони треба да бидат испорачани во 2026 година.
Додека администрацијата на Бајден ја одобри продажбата на авионите, муницијата и соодветната опрема во јули, Германија, како што е наведено, има рок до крајот на годината да го финализира договорот со „Локхид Мартин“.
Меѓутоа, во доверливо писмо до Комисијата за буџет при германскиот Парламент, Министерството за одбрана изрази загриженост поради зголемените трошоци и техничките проблеми.
Во писмото се наведува дека безбедносните барања на САД се екстремно комплексни, така што „не можат да се исклучат доцнењата и дополнителните трошоци пред почетокот на оперативните летови“, објави германскиот весник „Билд“.
Министерството соопшти дека останува неизвесно дали потребното досредување на воздухопловната база „Бухел“ во југозападна Германија, каде што би требало да се сместат авионите, би можело да биде завршено до 2026 година.
Во писмото понатаму се посочуваат и други фактори кои би можеле да ги зголемат трошоците, меѓу кои се и инфлацијата, флуктуациите на девизниот курс и зголемените трошоци за производство.
Откако функцијата канцелар ја презеде Олаф Шолц, Германија започна се изложи на воени трошоци под изговор дека со тоа сака да се преземе водечка безбедносна улога во Европа во услови на војната во Украина.
Борбените авиони Ф-35 треба да ја заменат германската застарена флота од бомбардерите „Торнадо“ до 2030 година.