Onur Usta
05 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
СТРАЗБУРГ (АА) – Европскиот парламент (ЕП) ја одобри нацрт-резолуцијата којашто ги содржи условите на преговорите на Англија за излез од Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).
Нацрт-резолуцијата, за која гласањето се одвиваше во Генералното собрание на ЕП, во францускиот град Стразбур, беше прифатена со 516 гласа, 133 пратеници гласаа против, а 50 пратеници беа воздржани.
Во одлуката на ЕП се наведува дека Англија треба да ги исполни сите финансиски обрски што ги потпишала како земја-членка (за време на членството во ЕУ). Се претпоставува дека овој договор Англија ќе ја чини 60 милијарди евра.
Со одлуката се предвидува преземање превентивни мерки околу процесот за одвојување од ЕУ доколку во период од 2 години од преговорите има конкретен напредок. Во одлуката на Парламентот се наведува дека новиот договор за регулирање на односите меѓу Англија и ЕУ ќе биде потпишан пред да заврши процесот за излез од ЕУ.
Исто така, во одлуката на ЕП се цитира и барањето за заштита на правата на трите милиони граѓани на ЕУ кои живеат во Англија, како и на еден милион граѓани на Англија кои живеат во земјите на ЕУ.