Riyaz Khaliq Khaliq
10 Септември 2024•Ажурирај: 12 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - На глобален самит во Јужна Кореја денес беше истакната важноста од „одржување човечка контрола“ врз воената употреба на вештачката интелигенција, јавува Анадолу.
Декларацијата, објавена на крајот од дводневниот самит во главниот град Сеул, предупреди и на потенцијалот на вештачката интелигенција за ширење на оружјето за масовно уништување.
Самитот, „Одговорна вештачка интелигенција во воениот домен“, собра претставници од над 90 земји, меѓу кои и од САД и Кина, како и околу 2.000 владини претставници и експерти.
Во завршниот дела на самитот „Блупринт за акција“ се повика на „соодветно вклучување на човекот“ во развојот, распоредувањето и употребата на вештачката интелигенција во воени апликации.
Декларацијата ја нагласува важноста на човечкото расудување и контрола врз употребата на сила во системите со вештачка интелигенција.
„Ја нагласуваме потребата од спречување на користењето на технологиите за вештачка интелигенција во придонесот за пролиферација на оружјето за масовно уништување“, се додава во документот, нагласувајќи дека вештачката интелигенција треба да ги поддржува, а не да ги попречува напорите за разоружување и контрола на оружјето.