Aida Cako
15 Септември 2025•Ажурирај: 16 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Голем пожар избувна во две згради во населбата Тондо во главниот филипински град Манила во саботата доцна вечерта, при што беа повредени три лица, а околу 700 семејства беа погодени, јавува Анадолу.
Пожарот зафатил голем дел од станбената област, оставајќи стотици жители без домови. Според локалните власти, три лица се здобиле со повреди, а бројот на засегнати семејства се проценува на околу 700.
На местото на несреќата биле распоредени голем број противпожарни екипи и безбедносни сили со цел да се спречи натамошно ширење на огнената стихија.
Од Канцеларијата за јавни информации на Манила соопштија дека пожарот е ставен под контрола, но сè уште се истражуваат причините за неговото избувнување.