Kaamil Ahmed
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Грчката ортодоксна црква најави жалба до Апелациониот суд на Израел поради неодамнешната одлука на Регионалниот суд во Ерусалим кој за илегална ја прогласи продажбата на црковното земјиште на еврејските доселеници во Стариот град во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот патријарх на Грчката ортодоксна црква во 2005 година тајно го продаде земјиштето со два хотели и неколку објекти во близина на портата Јафа, поради што беше ставенна пониска функција во службата. Таа продажба предивика и големо негодување кај палестинските христијани, а Регионалиот суд во Ерусалим тој договор пред две недели го проласи за нелегален.
Актуелниот поглавар на Грчката ортодоксна црква во Ерусалим, Палестина и Јордан, Теофилос III во Аман синоќа изјави дека јавно одбива да ја прифати одлуката на ерусалимскиот суд.
Тој порача дека тоа е неправедна пресуда која ја дискредитира Патријаршијата и нејзините легални докази.
„Ќе поднесеме жалба до израелскиот апелационен суд”, порача Tеофилос III.
Грчката ортодоксна црква има големи земјоделски поседи во Ерусалим и пошироко, вклучувајќи го и земјиштето на кое се наоѓа израелскот парламент (Кнесет).
Црквата, пред 12 години тајно го продаде земјиштето и познатите хотели „Петра“ и „Империјал“ на израелската група „Ateret Cohanim“ (Атерен Коханим), која со доведување на еврејските доселеници работи на тоа Евреите да станат мнозинска заедница во Стариот град и Источен Ерусалим.