Sinan Doğan
26 Јануари 2023•Ажурирај: 26 Јануари 2023
БОГОТА (АА) - Двајца државјани на Колумбија загинале во судир за време на војната помеѓу Украина и Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Колумбија.
Во соопштението се потврдува смртта на двајца државјани на Колумбија во војната која продолжува на украинските територии.
Во соопштението се вели дека сѐ уште не е откриен идентитетот на загинатите Колумбијци.
„Амбасадата на Колумбија во Полска нѐ извести за смртта на двајца наши граѓани во судирите во Украина“, се додава во соопштението.
Според соопштението, двајцата државјани на Колумбија од декември минатата година до загинувањето служеле во 49. Пешадиски баталјон, а животот го загубиле на 18 јануари.
Колумбиското Министерство соопшти дека е во контакт со украинските власти и Амбасадата на Колумбија во Полска за пренесување на посмртните останки на загинатите Колумбијци во земјата.