Ahmet Gençtürk
07 Јануари 2025•Ажурирај: 08 Јануари 2025
АТИНА (АА) - Двајца мигранти се удавија при потонување на чамец кај грчкиот остров Родос во јужниот дел на Егејското Море, пренесува Анадолу.
Шеесет и тројца мигранти од Авганистан, Сирија, Иран и Египет се спасени, објави весникот „Катимерини“.
Грчката крајбрежна стража, потпомогната од волонтери, продолжува да бара преживеани, фокусирајќи се особено на источните брегови на островот.