Mohamed Sabry Emam Muhammed
25 Август 2019•Ажурирај: 25 Август 2019
БЕЈРУТ (АА) - Едно израелско беспилотно летало се сруши, а друго експлодира утринава во јужниот дел на Либан, изјави официјален претставник на либанската група Хезболах, јавува Anadolu Agency (AA).
„Првото беспилотно летало се срушило по полноќ над населбата Моавад во јужниот дел на Либан, а неговите остатоци беа однесени на безбедно место од страна на членови на Хезболах“, објави либанскиот канал LBC1, кој цитираше неименуван извор.
„Друго беспилотно летало експлодираше во истата област“, вели официјалниот претставник.
Израел не го коментираше овој случај.
Инцидентот се случи неколку часа откако Израел објави дека извршиле воздушни напади во Сирија против позициите на група поддржана од Иран.