Islam Doğru
06 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
ЊУЈОРК (АА) - Десет лица ги загубија животите во вооружените напади што се случија викендов во Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците од веб-страницата на Архивата за огнено насилство (GVA), 10 лица загинале, а десетици се повредени во вооруженото насилство во сојузните држави Пенсилванија, Тенеси, Мичиген и Јужна Каролина.
Три лица ги загубија животите, а најмалку 11 повредени се пренесени во болница како резултат на пукањето во една од најпрометните области на градот Филаделфија, Пенсилванија.
Наведувајќи дека во моментот на нападот на улицата имало стотина луѓе, полицијата истакна дека трага по напаѓачот кој побегнал од местото на настанот.
Три лица загинаа, а 14 се повредени како резултат на престрелки за време на расправија во ноќен клуб во Чатануга, Тенеси.
Меѓу другото, се наведува дека 4 лица го загубиле животот, а повеќе од 10 лица се повредени во вооруженото насилство во Мичиген и Јужна Каролина.
Се очекува американскиот Конгрес оваа недела да разговара за Законот за контрола на оружјето за да се спротивстави на ескалацијата на вооруженото насилство во земјата, што беше повторно разгорено со пукањето во основно училиште во Тексас минатата недела.
На 24 мај, во Увалде, во сојузната држава Тексас, 18-годишен вооружен напаѓач уби 21 лице, меѓу кои 19 ученици. Со тоа дебатата за „ограничување на оружјето“ во земјата повторно дојде на дневен ред.