Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
12 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
ИДЛИБ (АА) - Во покраината Идлиб во северозападна Сирија отворена е изложба на ракотворби и слики нацртани од децата со посебни потреби жртви на граѓанската војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
На изложбата наречена „Од врвот на прстите“, беа претставени сликите и ракотворбите што ги цртаа 38 деца со посебни потреби. Децата 5 месеци специјално се обучуваа во Здружението за хуманитарна грижа, една од локалните невладини организации.
На изложбата, за која имаше голем интерес кај жителите на Идлиб, вниманието привлекоа децата чии што дела беа преставени на изложбата.

12-годишниот Мухамед ел Али, кој има аутизам, во изјавата за АА им се заблагодари на своите учители што им помогнале во изработката на ракотворбите.
„Сè што гледате овде го направивме ние“, рече Ел Али, кој заедно со семејството побегнале од нападите на режимот на Башар ал Асад од покраината Хама и се засолниле во Идлиб.
Петгодишната Елин Џемил, на изложбата учествуваше со свои слики на птици. „Денес одржуваме изложба за мајките и децата“, рече Елин.

Ум Мухамед ел Али, истакна дека неговиот син специјалното образование го започнал пред пет месеци.
„Фала му на Бога, тој имаше корист од образованието што го доби. Сега може да се фокусира. Може да црта и да разликува бои една од друга“, рече Ум Мухамед ел Али.
Талал Ферит, еден од одговорните на Здружението за хуманитарна грижа, истакна дека се обидуваат учениците со посебни потреби да ги интегрираат во општеството.
Ферит, наведувајќи дека изложбата ја отвориле за да покажат дека децата со посебни потреби прават корисни работи за општеството, додаде: „Овие деца се членови на општеството. Можеме да ги интегрираме во општеството со инвестирање во нив.“